Доделени награди за најдобрите студенти на УКИМ за учебната 2022/2023 година
По повод 75 години од основањето на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, во аулата на Ректоратот денеска беа доделени награди за најдобро дипломирани студенти за учебната 2022/2023 година...

Наградени најдобрите дипломци на универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ за академската 2022/2023 година. Овие студенти повеќе од половина студии ги поминаа во Ковид пандемија, следејќи настава од дома. Велат дека со нивната решителност успеале да ги надминат сите предизвици и да постигнат голем успех, за што им се заблагодарија и на своите професори.
Најстариот државен универзитет одбележува 75 години од своето постоење. Неговата мисија, вели ректорката Ангелова не е да обезбеди само врвно образование туку и да ги подготви студентите за нивниот кариерен развој. Таа ги потсети дипломците дека секогаш ќе ја имаат поддршката од професорите на УКИМ.
Наставата завршува во училница, но образованието трае цел живот, порака до најдобрите дипломци од претседателот на студентскиот парламент Александар Николовски.
Од денеска до 23-ти мај, УКИМ со низа свечености ќе го одбележи јубилејот, а на 23-ти мај ќе биде одбележан патрониот ден на универзитетот.
Викторија Милевска
