Светски ден на медот

Медот повеќе се користи како лек отколку како храна

20.05.2024 14:46

Словенија пред седум години иницирала во ООН, 20-ти мај да се прогласи за Светски ден на пчелите. Ако до пред две години тегла мед можеше да се купи и за 400-тини денари, сега цената е од 600-тини до 1.200 денари...

Марина Митревска 26 години се занимава со пчеларство. Вели дека во последниве години се поизразените климатските промени, влијаат на приносот, но и на опстанокот на самите пчели. Ако до пред две години тегла мед можеше да се купи и за 400-тини денари, сега цената е од 600-тини до 1.200 денари.

Пчелите се важни за екосистемот, влијаат на приносот и на растителните култури – вели деканот на Факултетот за земјоделски науки Миле Маркоски.

Словенија пред седум години иницирала во Обединетите Нации, 20-ти мај да се прогласи за Светски ден на пчелите.

„Потребно е подигнување на свеста за значењето на пчелите за екосистемот. И загадувањето и инвазивното земјоделство креираат многу проблеми за производство на мед и останати производи од мед“, изјави Грегор Прескер.

Нашите граѓани годишно трошат по една тегла мед по глава на жител што е за десетпати помалку од потрошувачката на овој продукт во другите земји. Кај нас повеќе се користи како лек отколку како храна.

 

Александра Велинова