Македонија

Одбележан Денот на македонските пожарникари

20.05.2024 15:17

Во Противпожарната бригада на Град Скопје одбележан денот на македонските пожарникари. Ниски плати, недоволна екипираност, предизвици со кои се соочуваат хероите на градот...

Очи во очи со огнот. Сретко Цимевски 40 години е посветен на својата професијата. Вели дека секоја интервенција си има своја тежина, но хуманоста е пред сè. Работниот век го поминал во скопската Пожарна бригада, жртвувајќи се себе си за да помогне.

Првата жена која се вработила како пожарникарка е горда на својата професија. Вели, секојдневието е исполнето со предизвици.

Ниски плати, недоволна екипираност, предизвици со кои се соочуваат скопските пожарникари.

Градоначалничката Арсовска со апел до новата Влада, да направи промена на условите со кои се исплаќаат пожарникарите.

Зголемен е бројот на интервенции. Од почетокот на годинава имало околу 600 пожари.

Противпожарната бригада брои 40 возила, од минатата година до сега имале 2.000 интервенции.

 

Ана Јосифоска - Тодоровска