Македонија

МТСП: 24 мај неработен ден за сите граѓани

20.05.2024 15:52

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 24 мај 2024 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“-Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија...

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр. 21/98 и 18/07), 24 мај 2024 година (петок), „Св. Кирил и Методиј“-Денот на сесловенските просветители е неработен ден за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Северна Македонија им го честита празникот „Св. Кирил и Методиј“-Денот на сесловенските просветители.