Кривичен Суд

Палевски сè уште не е сослушан за притворот

20.05.2024 17:23

Обвинителството ја завршило истражната постапка и се очекува наскоро да покрене обвинение против осомничените во случајот со двојното убиство, што признаа вина...

Сè уште нема информации кога Љупчо Палевски, првоосомничен за убиството на Вања Ѓорчевска и на Панче Жежовски треба да биде донесен на распит во Кривичниот суд. Обвинителството ја завршило истражната постапка и се очекува наскоро да покрене обвинение против осомничените во случајот со двојното убиство, што признаа вина. Палевски деновиве побара ангажман на тројца адвокати.

Известува Анита Димитријевска Велковска