Влада

Влада: Предупредување за линк до лажна веб-страница

20.05.2024 17:27

На социјалните мрежи и преку смс пораки се споделува линк за измама на граѓаните кој води до сајтот на Владата изработен со домен речиси идентичен на оригиналниот со лажна содржина дека се добиваат 100 евра помош за да се намали инфлацијата...

На социјалните мрежи и преку смс пораки се споделува линк за измама на граѓаните кој води до сајтот на Владата изработен со домен речиси идентичен на оригиналниот со лажна содржина дека се добиваат 100 евра помош за да се намали инфлацијата.

„Ја информираме јавноста дека Владата нема испратено смс и други пораки во кои нуди надомест. Во конкретниот случај кој се појави во изминатите часови станува збор за смишинг и фишинг измама која е пријавена и по која соодветните служби веќе постапуваат“, стои во соопштението од Влада.

Владата предупредува ако граѓаните добијат ваква порака истата да ја сметаа како лажна, да не кликнуваат на неа и да не одговараат на пораките.