Кривичен Суд

Палевски сè уште не е спроведен во Кривичниот суд

20.05.2024 19:14

Во меѓувреме Палевски треба да ангажира бранител, а засега нема потврда дека некој од тројцата адвокати за кои покажал интерес да го бранат се нафатил да го застапува пред судот и обвинителството. Доколку Палевски самиот не обезбеди бранител, ќе му биде назначен по службена должност...

Осомничениот за двојното убиство, Љупчо Палевски денеска нема да биде спроведен на распит во скопскиот Кривичен суд. Оттаму, за МТВ велат дека тоа ќе се случи наредните денови, но кога ќе биде, зависи од јавниот обвинител и од затворската управа, бидејќи за неговото спроведување треба да се испочитуваат високи безбедносни протоколи. Во меѓувреме Палевски треба да ангажира бранител, а засега нема потврда дека некој од тројцата адвокати за кои покажал интерес да го бранат се нафатил да го застапува пред судот и Обвинителството. Доколку Палевски самиот не обезбеди бранител, ќе му биде назначен по службена должност.

По информацијата дека Обвинителството ја завршило истрагата за дел од осомничените и дека веќе се подготвува обвинението, МТВ се обрати и со прашања до Обвинителството, но оттаму велат дека во оваа фаза на постапката не се во можност да споделуваат информации. Она што од претходно е познато е дека три лица се товарат за соизвршителство на убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и на велешанецот Панче Жежовски, додека пак две лица, меѓу кои и таткото на Вања се осомничени за помагање.