судство
На полноќ итна седница на Судски совет
20.05.2024 22:42
Судскиот совет на полноќ ќе одлучува за одземањето на имунитетот на приведениот судија од Врховен...

Судскиот совет вечерва соопшти дека на полноќ е закажана седница на која треба да се одлучува дали на приведениот судија на Врховниот суд ќе му биде одземен судискиот имунитет, откако попладнево тој беше уапсен и е осомничен за примање награда за противзаконито влијание.
Имунитетот може да се одземе за да може судијата да се појави пред судија на претходна постапка кој одлучува дали ќе му биде определена мерка притвор или не.
