Швајцарски експерти ќе им помагаат на македонските компани

25.06.2014 16:10

Консултантските услуги од странски експерти треба да помогнат уште поконкурентно производство...

Сончевите колектори се повеќе се бараат на пазарот. Домашна компанија со 14 вработени месечно произведува по 500 колектори. Иако работи само три години, менаџментот поставил високи цели.

„Производството на соларни панели се зголемува. Тие се повеќе барани на пазарот. Бенефитот е очигледен. Работиме со висока технологија“, вели Надица Николиќ комерцијален директор во компанија за соларни панели.

Консултантските услуги од странски експерти треба да помогнат уште поконкурентно производство. Швајцарецот, Питер Гилтер ја оценува состојбата во ова претпријатие. Има плус за стручниот кадар и високата технологија, треба да се работи на промоцијата и маркетингот.

„Разработивме стратегија за маркетинг. Ова е комапнија водена од инженери кои производот го донеле до совршенство, сега е време да се стави фокус на маркетингот и промоцијата, и да се зголеми продажбата“, смета странскиот консултант, Питер Гилтер.

Швајцарската влада има намера да испрати уште експерти.

„Швајцарија одлучи да подржи десет македонски компании преку советодавни услуги. Овие компании ќе можат да ги подобрат своите услуги и да отворат нови работни места“, изјави Стефано Лазарото, амбасадор на Швајцарија во Македонија.

На јавниот владин повик за користење бесплатна странска експертска помош се пријавија вкупно 98 фирми. Досега се пријавени околу 30 странски експерти.

 

Дијана Ценевска