Одземен имунитетот на судијата Наке Георгиев
Судскиот совет синоќа на полноќ, на итна седница му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција...

Судскиот совет синоќа на полноќ, на итна седница му го одзеде имунитетот на врховниот судија Наке Георгиев, со што го одобри неговиот притвор, а го оддалечи и од вршење на судиската функција. Се одзема имунитетот на врховен судија заради непречено водење на кривичната постапка.
„Се одобрува барањето за одобрување на мерка притвор за судија на врховен суд поднесено од судија на претходна постапка на основниот Кривичен суд-Скопје. Времено се оддалечува од вршењето судиска функција, судија на Врховниот суд до правосилно решавање на кривичната постапка“, соопштија од Судски.
Претреси ноќеска се правеле на повеќе локации, како и во Врховниот суд, во канцеларијата што ја користел Георгиев. Полицијата го приведе поради примање поткуп. Бил фатен на дело откако претходно го пријавило лице кое тврдело дека му било барано мито за судски случај.
