МВР

МВР: 108 санкционирани возачи во Скопје

21.05.2024 08:33

На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење...

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 108 мерки, меѓу кои за возење без возачка дозвола 13 санкции, осум санкции за користење мобилен телефон при возење, пет мерки за некористење на сигурносен појас.

Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, стои во соопштението од МВР.