Нов бран на голема кашлица
Во последните седум дена за три пати е зголемен бројот на случаи со пертусис, споредбено со претходниот извештај на Институтот за јавно здравје.

Иако неколку недели имаше намалување на нови дијагностицирани, во последните седум дена за три пати е зголемен бројот на случаи со пертусис, споредбено со претходниот извештај на Институтот за јавно здравје.
Од 44 заболени кои се потврдени од 10 до 16 мај, најмалиот пациент е тримесечно бебе, а најстариот има 77 години. Дури 39 се во Скопје, 4 во Куманово и еден во Прилеп. И покрај апелите на лекарите, сè уште има над 10 илјади деца кои не се целосно имунизирани со Ди Те Пер.
Дека опфатот со вакцинација не е задоволителен покажуваат и бројките од досегашните над 590 потврдени случаи со голема кашлица. Од нив повеќе од 60 проценти не се целосно заштитени од пертусис. Во Скопје епидемија беше прогласена во февруари, а во Куманово од почетокот на април.
