Иран

Закажани вонредни избори во Иран

21.05.2024 08:44

За 28 јуни се закажани вонредни избори во Иран по загинувањето на претседателот Раиси. До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател...

За 28 јуни се закажани вонредни избори во Иран по загинувањето на претседателот Раиси. До крајот на изборите оваа должност ќе ја извршува досегашниот прв потпретседател, Мохамад Мохбер.

Прошталната церемонија за Раиси кој загина во хеликоптерска несреќа заедно со министерот за надворешни и членови на придружбата ќе биде организирана денеска во градот Табриз. На 23 Мај најавено е дека Раиси ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад.