Украина

Зеленски: Армијата одржува контрола насекаде

21.05.2024 08:49

Обвини дека Москва активно напаѓа со што повторно се наметнува потребата од воздушна одбрана, дополнителни одбранбени системи кои би можеле значително да ги ублажат гранатирањата...

Украинскиот претседател тврди дека армијата одржува контрола насекаде. Обвини дека Москва активно напаѓа со што повторно се наметнува потребата од воздушна одбрана, дополнителни одбранбени системи кои би можеле значително да ги ублажат гранатирањата. Меѓу другото, Зеленски дека Хрватска ќе учествува на мировниот самит на Украина во Швајцарија идниот месец.

„Чекор по чекор, создаваме нови столбови за меѓународен поредок заснован на правила. И покрај сета бруталност на рускиот притисок и сета подлост на теророт, светот мора да докаже дека силата на сите оние кои го ценат животот е доволна да се одбраниме“, изјави Володимир Зеленски, претседател на Украина.

Стејт департментот на САД одобри услуги во вредност од 100 милиони долари за поддршка на различни американски системи за Украина. Францускиот парламент пак, повика на укинување на ограничувањата за нападите на Украина на територијата на Русија со оружје предадено од Франција.