Затворени објекти и високи глоби за неправилности при продажба на огревно дрво
Затворени се шеесетина објекти за продажба на огревно дрво и изречени се казни во вкупен износ од речиси 400 илјади евра во акцијата на повеќе надлежни институции. Активностите се спроведени вчера во повеќе градови низ земјава...

Складиштата за продажба на огревно дрво низ земјава беа контролирани во здружената акција на повеќе надлежни институции.
Констатирани биле неправилности согласно Законот за готовинско плаќање во 59 објекти кои се затворени, а изречени им се и глоби од по 3.250 евра.
Во три складишта во Тетово, Струга и Гостивар е утврдено дека не се издавале фискални сметки за што се изречени глоби во вкупен износ од 8.400 евра.
Државниот пазарен инспекторат, пак, констатираше 83 прекршоци од Законот за трговија и Законот за метрологија. Во четири случаи при сообраќајна контрола се откриени и возила кои нелегално пренесувале дрва.
Од планираните 241 објект за продажба на огревно дрво контроли биле извршени во 232 објекти. Од нив само овде во Тетово контолирани се 21.
Над 365 илјади евра. Толку вкупно е износот на изречените глоби. Затворени се 22 складишта за продажба на дрва. Одземени се вкупно 331,8 метри кубни нежигосано огревно дрво. При акцијата се одземени четири товарни и едно патничко моторно возило.
„Успешна акција на полицијата и надлежните институции, кои практично со една ваква координирана активност, настапија во функција на контола на оние кои би требало да вршат заштита на дрвниот фонд“, изјави Гордана Јанкуловска – Министер за внатрешни работи.
Акцијата ја спроведоа МВР, УЈП, Државнот пазарен инспекторат, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, како и претставници на Трудовата инспекција и Шумската полиција.
Зоран Јованоски
