Хаити
Меѓународниот аеродром на Хаити повторно отворен
21.05.2024 09:06
По три месеци насилство на улиците, главниот Меѓународен аеродром на Хаити во Порт-о-Пренс повторно е отворен...

По три месеци насилство на улиците, главниот Меѓународен аеродром на Хаити во Порт-о-Пренс повторно е отворен.
Главното пристаниште во земјата и натаму е тешко погодено, а бандите контролираат 80 насто од главниот град. Земјата се соочува со недостигот од лекови и основни залихи. Немирите на Хаити почнаа на крајот на февруари.
Вооружени лица ја презедоа контролата врз полициските станици и упаднаа во двата најголеми затвори на Хаити, ослободувајќи повеќе од четири илјади затвореници.
