Македонија

Си Џинпинг ѝ го честита на Сиљановска-Давкова изборот за претседател

21.05.2024 09:42

Претседателот на Кина, Си Џинпинг упати честитка до Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на државата, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа...

Претседателот на Кина, Си Џинпинг упати честитка до Гордана Сиљановска Давкова по повод нејзиниот избор за претседател на државата, пренесува кинеската новинска агенција Ксинхуа.

Кина и Северна Македонија одржуваат длабоко традиционално пријателство, вели кинескиот претседател во честитката, додавајќи дека во последните години, практичната соработка меѓу двете земји постигна солиден напредок и донесе придобивки за двата народа.

Истакнувајќи дека високо го цени развојот на билатералните односи, Си Џинпинг истакнува дека е „подготвен да работи со својата колешка од Северна Македонија за продлабочување на меѓусебната политичка доверба и проширување на размената и соработката, со цел пријателските односи меѓу Кина и Северна Македонија да се подигнат на ново повисоко ниво“.