Избори 2024

Гласаат болните и затворениците пред утрешното прегласување во седум избирачки места

21.05.2024 09:55

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места...

Во седум избирачки места во изборните единици 5 и 6 денеска гласаат болни и изнемоштени лица, како и затвореници пред утрешното прегласување за парламентарните избори во седум избирачки места.

Прегласување ќе се спроведе на избирачките места 2101 во Желино, 1194 во Крушево, 1202 исто така во Крушево, 1272 во Охрид, 1470 во Долнени, 1470/1 исто така во Долнени, како и во 1844 во Струга.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4.521 гласач.

Државната изборна комисија(ДИК) го поништи гласањето на овие седум избирачки места, а одлуката беше потврдена и од страна на Управниот суд посочувајќи дека тужбите на „Европскиот фронт“ предводен од ДУИ се неосновани.

ДИК, исто така, ги смени и членовите на избирачките одбори во овие избирачки места.