Претрес кај обвинителот Мемети, осомничен за поткуп
Доцна синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово, во домот на членот на Советот на обвинители, Иџет Мемети и во службените простории на Советот на јавни обвинители...

Доцна синоќа, по наредба на судија на претходна постапка направен е претрес во Тетово, во домот на членот на Советот на обвинители, Иџет Мемети и во службените простории на Советот на јавни обвинители.
Сомнежот е дека тој заедно со осомничениот судија Наке Георгиев имал влијание, злоупотребувајќи ја позицијата член на Советот на јавни обвинители во случајот барање на мито за олеснителни околности за ексградоначалникот Боро Петрушевски, кој е во притвор.
Иџет Мемети важи за близок до ДУИ, кој во два мандати беше народен правобранител. Тој е и поранешен министер за правда, уставен судија, државен советник во Владата и член на Државната изборна комисија.
