МВР

Скопјанец тешко повреден во сообраќајка кај Росоман

21.05.2024 10:31

Четириесет и петгодишен скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила утрово кај Росоман...

Четириесет и петгодишен скопјанец тешко повреден во сообраќајна несреќа која се случила утрово кај Росоман.

Во 07.40 часот во ОВР Кавадарци било пријавено дека кај клучка Росоман се случила сообраќајна незгода, помеѓу патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки, управувано од А.Р.(45) од Скопје и товарно возило „ивеко“ со бугарски национални ознаки, управувано од А.З.(59) од Прилеп. Во незгодата, возачот на патничкото возило се здобил со телесни повреди констатирани во болницата во Кавадарци, информираат од СВР Велес.

Оттаму рекоа дека увидот е во тек, а сообраќајот се одвива нормално и без застој.