Кикс на Партизан, шанса за Црвена Звезда
Заморот од настапите во Евролигата му пресуди на Партизан на гостувањето кај Шолнок во Јадранската лига. Иако губеше постојано во првото полувреме, во второто унгарскиот тим направи пресврт и победи со 76-71. Со оглед и на поразот на Цедевита во 11-то коло од АБА друштвото, Црвена Звезда има можност да избие на врвот на табелата, доколку вечер го совлада Задар. Ваквиот епилог е сосема реален ако се знае дека белградскиот состав досега оствари осум триумфи на десет натпревари, а Задар има биланс 4-6 и е една од најслабите екипи во лигата.
***

Јадранска лига, 11.коло, денеска:
Црвена Звезда – Задар
Викендов:
Широки – МЗТ Скопје 67-63 (продолжување)
Шолнок – Партизан 76-71
Будуќност – Цедевита 64-60
Раднички – Крка 84-77
Олимпија – Мега Визура 88-75
Цибона - Игокеа 74-82
Тони Стојановски