Македонија

Граѓаните најмногу се жалат за дискриминација во работните односи и здравственото осигурување

21.05.2024 11:54

До Комисијата за спречување и заштита од дискриминација пристигнале голем број на претставки. Најмногу се жалеле на работните односи и здравственото осигурување. Минатата година забележано намалени се пријавите по основ на национална и етничка припадност…

Рекорден број претставки пристигнале до Комисијата за спречување и заштита од дискриминација во 2023-та. Граѓаните најмногу се жалеле на дискриминација во работните односи, здравствено осигурување, домување, образованието, правосудството, јавното информирање и медиумите, право на јавен собир, работа на општински совет, спорт, членување во здруженија на граѓани и пристап до добра и услуги.

Постапувајќи по поднесените претставки, Комисијата донела 59 мислења од кои 21 случај на потежок облик на дискриминација.

За разлика од претходната година, во 2023-та се намалиле пријавите за дискриминација по национална и етничка припадност, а се зголемиле за политичко уверување, општествен статус, сексуална ориентација и родов идентитет.

Ирина Гелевска