Македонија

Истрага против судијата Георгиев и членот на СЈО, Мемети

21.05.2024 13:16

Судскиот совет на синоќешната вонредна седница му го одзеде судскиот имунитет на врховниот судија Наке Георгиев од Струмица, кој беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Истрагата продолжи и со претрес во домот на член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети...

Судскиот совет на синоќешната вонредна седница му го одзеде судскиот имунитет на врховниот судија Наке Георгиев од Струмица, кој беше уапсен со 10.000 евра под сомнение дека вршел кривично дело „примање награда за противзаконито влијание“. Георгиев е уапсен вчера. Наскоро се очекува да биде спроведен во Кривичниот суд за да даде исказ. Се очекува јавниот обвинител да предложи мерка притвор.

Истрагата продолжи и со претрес во домот на член на Советот на јавни обвинители, Иџет Мемети во Тетово, како и во канцеларијата на Советот.

Викторија Милевска известува на оваа тема.