Овоштарство

Пласманот и цената го диктираат интересот за производство на цреши

21.05.2024 13:32

Годишното производство на цреши во Македонија се движи околу 6.000 тони. Охридската цреша е првиот македонски бренд со заштитена географска ознака. Но, црешата ја има и во другите региони...

Нејзиното одгледување зависи од временските услови, но и од други фактори, меѓу кои се помалку овоштари. Пласманот и цената го диктираат интересот. И повторно забележлива е разликата од откупната и малопродажната цена. Двојно, тројно, а некогаш и многу поскапо. Ние ја купуваме од 150 до 200 денари, а се откупува по 50 денари за килограм.

Освен охридската, бурлат, ван, присутни се и други сорти. Црешата нуди многу здравствени придобивки, а со нејзина сертификација како органска може да донесе поголем профит за овоштарите.

Законот за забрана на нефер трговски практики е донесен. Додека да се примени, ќе поминат повеќе реколти. Губат производителите, купувачите, а и државата, но за некои заработката постојано расте.

 

Сузана Трајковска