Животен стандард

Илјада евра за да се закрпи месецот

21.05.2024 14:32

Потрошувачката кошница за мај надмина илјада евра. Синдикатот пресмета зголемени трошоци за живејачка. Најмногу пари се трошат за храна и пијалаци....

Без илјада евра не може да се закрпи месецот. Живејачката делумно ублажена, но таа и натаму им ги мати сметките на граѓаните, алармира Сојузот на синдикати. Велат, најмногу пари одат на храна и пијалаци, близу 22.000 денари, ако се троши скромно. Но ако семејството е под кирија, потребни му се над 75.000 денари.

Иако вредноста на синдикалната минимална кошница е намалена за 122 денари, таа и натаму е висока. За обичниот граѓанин тоа не значи ништо.

Додека соседството презема конкретни мерки за заштита на животниот стандард, кај нас цените заминаа до небо. Македонците со најниски плати и натаму јадат храна по европски цени.

За споредба, во Македонија храната поскапела за 14,6%, додека во Европа поскапувањето достигнало до 5,3%. Најголемо поскапување има кај храната, рестораните и мебелот.

 

 

Борис Грујоски