Избори 2024

Почнува процесот за прегласување на седум избирачки места

21.05.2024 14:50

Прегласување на седумте избирачки места во петата и шестата изборна единица. Денеска гласаат болните и изнемоштени лица во Охрид, Крушево, Струга, Долнени и Желино. Навреме е пристигнат и избирачкиот материјал …

Во седум избирачки места, во изборните единици пет и шест, денеска гласаат болни и изнемоштени лица, пред прегласувањето за парламентарните избори на 22-ри мај во Охрид, Крушево, Струга, Долнени во петтата изборна единица и на едно избирачко место во општина Желино, во шестката.

Дел од запишаните избирачи, правото на глас ќе го искористат во старечки домови или во затворите каде издржуваат казни. Такви има седуммина.

Право на глас во овие избирачки места имаат вкупно 4.521 гласач. Во Желино ќе гласаат 993, а во другите шест избирачки места во петтата изборна единица, вкупно 3.528 гласачи.

 

Игор Панов