Јавен повик за фестивалот „Студентско лето“
Еден од најстарите и најреномирани фестивали на нашите простори ги повикува младите изведувачи во конкуренција на народна и забавна музика да се пријават за учество на Фестивалот.
Организацискиот одбор на Фестивалот “Студентско лето” 2024 распиша ЈАВЕН ПОВИК до младите пејачи за пријавување учество на Фестивалот “Студентско лето” 2024 кој веќе 52-ра година се одржува во Маглај, Босна и Херцеговина.
На Фестивалот сите композиции се изведуваат во живо, без плејбек или матрица и сите изведувачи ги придружува голем фестивалски оркестар.
Трошоците за учество на фестивалските вечери (само за учесниците на Фестивалот), кои вклучуваат сместување се на товар на Организаторот, додека за учесниците вон БИХ Организаторот ги покрива и трошоците за превоз според Правилникот на Фестивалот.
Ги повикуваме заинтересираните млади пејачи од целиот регион во конкуренција на народна и забавна музика, на возраст од 17 до 30 години, да се пријават за учество на Фестивалот “Студентско Лето” 2024, кое ќе се одржи на 30.08.2024 - вечер на народна музика и 31.08.2024 - вечер на забавна музика во Маглај. Учесниците настапуваат во конкуренцијата која ќе ја одберат самите.
Пријавите се отворени до 2. јуни 2024. Потребно е да се пратат на адресата: [email protected] и [email protected]
“Студентско лето” како фестивал на младите и неафирмирани пејачи во поранешна Југославија одржан е за првпат 1964. година кога група маглајски студенти одлучи да направи културна манифестација.
https://www.instagram.com/studentskoljeto
Денес ова е еден од најстарите фестивали во Босна и Херцеговина.
НЕКОГАШНИ УЧЕСНИЦИ НА ФЕСТИВАЛОТ
Бројни учесници на “Студентско лето”, тогаш сѐ уште неафирмирани пејачи, денес се големи создавачи со успешна кариера, како што се: Северина, Лепа Брена, Жељко Самарџиќ, Џулијано, Верица Ристеска, Асим Бркан, Омер Ливњак, Хасиба Агиќ, Горан Герин, Шериф Коњевиќ, Алма Чарџиќ, Добривоје Топаловиќ, Даниел, Слаѓана Милошевиќ, Марија Михајловиќ и др.
Меѓу водителите на фестивалот беа и најголемите имиња на југословенското новинарство: Оливер Млакар, Светислав Вуковиќ, Миќа Орловиќ, Милован Илиќ Минимакс, Сенад Хаџифејзовиќ, Деана Вукотиќ, Сања Дамиќ, Зоран Капетановиќ и др.
Членови на стручното жири беа и: Исмет Арнауталиќ, Дамјан Бабиќ, Јован Адамов, Костадин Костадиновски, Јулио Мариќ, Миленко Продановиќ, Мојмир Сепе, Слободан Вујовиќ, Звонко Ковачиќ, Стеван Брука, Џевад Шабанагиќ, Гертруда Мунитиќ, Асхар Куртовиќ, Асим Хорозиќ, Огњен Бомоштар, Хана Чизмиќ и многу други.
Во оркестрите кои ги придружувале изведувачите биле и оркестранти од сите центри на некогашната ЈРТ.
ВО МАГЛАЈ НАСТАПУВААТ УЧЕСНИЦИ ОД ЦЕЛИОТ РЕГИОН
Фестивалот на млади пејачи еден е од најстарите фестивали во Босна и Херцеговина. “Студентско Лето” некогаш претставуваше круна на сите фестивали кои се одржуваа бо БИХ и земјите од регионот. Во Маглај доаѓаат изведувачи од просторите на Словенија, Северна Албанија, Србија, Хрватска, Црна Гира, БиХ, но и други европски земји.
Маглај ќе ги пречека младите изведувачи-дебитанти од Сплитскиот фестивал, како и од Крапинскиот и Охридскиот фестивал, словенечкото и хрватското издание на шоу-емисијата “Јас имам талент”, како и хрватските “Страна А” и “Д Војс”. Доаѓаат и неколку учесници на “Ѕвездите на Гранд”. Некои ќе настапат со авторски песни, а ќе има и севдалинки, народни песни, домашни и светски хитови. Сите песни се пеат во живо, без матрица и плејбек, а учеснивите ќе ги придружува фестивалски оркестар диригиран од проф. Амир Мухаремовиќ, кој заедно со Амила Ефендиќ ги напиша аранжманите за фестивалскиот оркестар.