ИРАН
Покрената истрага за падот на хеликоптерот на иранскиот претседател
21.05.2024 16:15
Властите се сомневаат на технички дефект на леталото. Во Иран почна погребната церемонија...

Покрената е истрага за падот на хеликоптерот и смртта на иранскиот претседател Раиси, шефот на дипломатијата и делегацијата што ги придружуваше. Властите се сомневаат на технички дефект на леталото. Во Иран почна погребната церемонија. Ќе трае до 23-ти мај, за кога е најавено дека Раиси ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад.
Земјата веќе закажа вонредни избори за 28-ми јуни. По смртта на претседателот Раиси, должноста претседател ја извршува потпретседателот Мохбер.
