Кривичен Суд

Мерка притвор во траење од 30 дена за судијата Наќе Георгиев

21.05.2024 17:25

Судскиот совет на синоќешната вонредна седница му го одзеде судскиот имунитет на врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше уапсен со 10.000 евра...

Обвинителството води истражна постапка за врховен судија и член на Советот на јавни обвинители, поради сомнеж дека едниот примил поткуп, а другиот учествувал во делото. Судскиот совет на синоќешната вонредна седница му го одзеде судскиот имунитет на врховниот судија Наќе Георгиев, кој беше уапсен со 10.000 евра. Тој вчера беше уапсен, а денеска донесен пред судија на претходна постапка, каде се очекува да даде исказ.

Известува Андријана Ѓурчевска