Временска прогноза
Променливо облачно со сончеви периоди
22.05.2024 08:29
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со интензивен пороен дожд, силен ветер (над 60 км/час) и појава на град.
Максималната температура ќе биде во интервал од 23 до 27 степени.
Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне и во вечерните часови ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а во делови од котлината можна е појава на краткотрајно невреме.
