ООН ја прекинаа дистрибуцијата на храна во Рафах
ООН објавија дека ја прекинале дистрибуцијата на храна во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа поради недостаток на залихи и лошите безбедносни услови...

ООН објавија дека ја прекинале дистрибуцијата на храна во градот Рафах во јужниот дел на Појасот Газа поради недостаток на залихи и лошите безбедносни услови. Израелските власти одново со критики кон главниот обвинител на Меѓународниот Кривичен суд кој побара налози за апсење на премиерот Нетанјаху, министерот за одбрана и лидери на Хамас, за воени злосторства во Газа.
„Кој го напаѓа премиерот или министерот за одбрана и сака да ги однесе на суд во Хаг, тој ги напаѓа војниците на Израелската армија. Никој во светот нема морално право да ја критикува државата Израел и нејзините способности и начинот на кој се однесуваме“, изјави Јоав Галант, министер за одбрана на Израел.
Одлуката на хашкиот обвинител ги подели европските лидери. За едни таа е оправдана и доколку биде донесена треба да се почитува, за други-промовира нееднаквост.
