Полска

Полска и ЕУ ги нормализираат односите

22.05.2024 08:58

Министрите за европски прашања се согласија да стават крај на 6 годишниот спор. Брисел и Варшава беа во несогласувања откако партијата „Право и правда“ дојде на власт во 2015 година и спроведе реформи за кои критичарите велат дека го ставија полското судство под политичка контрола...

Полска и ЕУ ги нормализираат односите. Министрите за европски прашања се согласија да стават крај на 6 годишниот спор. Брисел и Варшава беа во несогласувања откако партијата „Право и правда“ дојде на власт во 2015 година и спроведе реформи за кои критичарите велат дека го ставија полското судство под политичка контрола.

ЕУ се закани дека ќе ги суспендира гласачките права на Полска во ЕУ и го блокираше нејзиниот пристап до фондовите.

Сега, владата на премиерот Доналд Туск ги иницирала неопходните промени за да се смени она што блокот го нарече назадување на демократските принципи.