САД

Бура го зафати средниот запад на САД

22.05.2024 09:00

Уништени се домови и бизниси, соборени дрвја, уништено автомобили. Според властите, регистрирани се повеќемина повредени во Гринфилд...

Моќна бура го зафати средниот запад на САД, предизвикувајќи повеќе торнада. Опустошен е мал град во Ајова.

Уништени се домови и бизниси, соборени дрвја, уништено автомобили. Според властите, регистрирани се повеќемина повредени во Гринфилд. Невремето претходно зафати голем дел од Небраска, а во Ајова предизвикаа торнада.

Невремето следува по денови на екстремни временски услови кои опустошија голем дел од средниот дел од земјата.