Нова Каледонија
Евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија
22.05.2024 09:03
Во последните немири предизвикани поради разговорите во Париз за можни измени на избирачките списоци, шест лица се убиени...

Продолжува евакуацијата на странските државјани од француската територија Нова Каледонија каде е прогласена 12-дневна вонредна состојба.
Во последните немири предизвикани поради разговорите во Париз за можни измени на избирачките списоци, шест лица се убиени, а стотици повредени.
Домородното население долго време бара независност. Францускиот претседател утре ќе го посети регионот.
