Избори 2024

Почна прегласувањето во Долнени и Крушево

22.05.2024 08:15

Почна прегласувањето и на четирите избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица. Гласањето почна навреме и без проблеми...

Почна прегласувањето и на четирите избирачки места, по две во општините Долнени и Крушево во петтата изборна единица. Гласањето почна навреме и без проблеми, информираат од општинските изборни комисии.

Во Крушево се прегласува на по едно избирачко место во населените места Јакреново и Бучин: во Jакреново е избирачкото место 1202, а во Бучин 1194. На двете избирачки места вкупно се запишани 767 жители со право на глас.

Вчера своето право на глас го остваруваа 26 болни и изнемоштени лица.

Во Долнени се прегласува на две избирачки места (1470 и 1470/1) каде вкупно се запишани 1290 гласачи. Двете избирачки места се во населеното место Дебреште. Таму вчера можност за гласање имаа вкупно 9 болни и изнемоштени лица.