Ниту една покана за членство во НАТО на самитот во Велс

25.06.2014 17:21

Во меѓувреме шефот на грчката дипломатија, Венизелос повтори дека проблемот за името со Македонија не е билатерален туку меѓународен...

Ниту една држава нема да добие покана за членство на престојниот самит во Велс- истакна Генералниот секретар на НАТО, Андрес Фог Расмунсен, по завршувањето на состнокот на Северно- атланскиот совет.

„Самитот во Велс нема да биде за планот за членство, туку за подршк. Важно е да се потенцира дека не е потребен Самит за да се добие покана за членство“, истакна генералниот секретар на Алијансата.

Расмунсен сепак додаде дека политиката на отворени врати за земјите кандидати останува, а секоја држава ќе се оценува според нејзините заслуги.

„Имавме суштински разговор за нашата политика на отоврени врати и за прогрес кај сите четири држави кандидати за членство во Алијансата“, рече Расмусен.

Во меѓувреме шефот на грчката дипломатија, Венизелос повтори дека проблемот за името со Македонија не е билатерален туку меѓународен.

На денешниот состанок на министрите за надворешни работи со земјите учеснички во мисијата ИСАФ учествува и македонска делегација. Се разговарало и за идните планови во односите со Русија, бидејќи, како што рече Расмунсен, не гледале знаци дека Русија ги почитувала меѓународните обврски што практично довело до суспензија на заедничката соработка.

 

Марина Стојанова- Тонева, постојан дописник од Брисел за МРТ