Македонија

Претседателката Сиљановска-Давкова на аудиенција кај папата

22.05.2024 09:18

Македонската претседателка годинава ја предводи државно-црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на „Свети Кирил“ во светиот престол и во Рим...

Македонската претседателка годинава ја предводи државно-црковната делегација за одбележување на традиционалната манифестација во чест на „Свети Кирил“ во светиот престол и во Рим.

Освен со папата, шефицата на македонската држава во италијанската престолнина ќе се сретне и со нејзиниот колега, претседателот Серџо Матарела.

Ова ќе биде прва официјална посета по нејзината инаугурацијата на 12 -ти мај.