Ескобар: Очекуваме Северна Македонија да продолжи по европскиот пат
Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите, дека ќе останат посветени на тој пат, изјави заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар..

Очекуваме дека Северна Македонија ќе продолжи по европскиот пат. Добивме уверување од сите нивоа на партиското раководство на главната партија која победи на изборите, дека ќе останат посветени на тој пат, изјави заменик-помошникот секретар на САД во заминување и специјален претставник за Западен Балкан, Габриел Ескобар, во онлајн интервју за Европскиот центар на Атлантскиот совет.
Пораки за строго придржување до Преспанскиот договор и негово целосно почитување периодов пристигнаа од Грција и меѓународната заедница.
