Избори 2024

Изборна битка во петтата и шестата изборна единица

22.05.2024 10:12

Денеска се прегласува во седум избирачки места. Досега од вкупно запишани 4.514 гласачи гласале 326 односно 7.22 проценти...

Денеска се прегласува во седум избирачки места, по две во општините Крушево и Долнени и на по едно во Охрид, Струга и во општина Желино. Со двата пратеника треба да се комплетира новиот собраниски состав. Гласачките места беа навреме отворени и засега процесот тече без проблеми. Досега од вкупно запишани 4.514 гласачи гласале 326 односно 7.22 проценти. Од Државната изборна комисија известува Ирина Гелевска.