Иран

Десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат почит на Ебрахим Раиси

22.05.2024 10:52

Иранскиот претседател ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран...

Десетици илјади Иранци се собраа во центарот на Техеран за да му оддадат почит на загинатиот ирански претседател.

Раиси и уште седум лица настрадаа во хеликоптерска несреќа, меѓу жртвите беше и шефот на иранската дипломатија. Во земјата е прогласена петдневна жалост.

Иранскиот претседател ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад во североисточниот дел на Иран.