Протест

Вработените во „Македонска пошта“ денеска на нов масовен протест

22.05.2024 11:40

Вработените во „Македонска пошта“ денеска излегоа на масовен протест за да го изразат својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и за зачувување на своите работни места...

Вработените во „Македонска пошта“ денеска излегоа на масовен протест за да го изразат својот револт и загриженост за иднината на „Македонска пошта“ и за зачувување на своите работни места. Според вработените, до оваа состојба се дојдени поради лошата кадрова, партиска политика што се случува години наназад. Бараат систематизација и конечно да се средат состојбите, затоа што 2.000 вработени ќе се останат без работа, а Македонија единствена земја без национална пошта.

Повторија дека не им требаат 15 подружници, 15 директори, туку вработени во технолошкиот процес. Бараат новата влада да почне со реформи.

Најавуваат штрајк за 7 јуни кога имаат законска можност да го остварат.