Недостиг на добиточна храна
Поради климатските и почвените услови oд домашните ниви, неможе да се обезбеди доволно добиточна храна. Сточарите се принудени да ја купуваат од странство и тоа најскапо во регионот...

Македонскиот добиток скапо се храни. Од 500 илјади хектари обработливо земјиште само дел се користи за потребите во сточарството.
Пченката, сојата и сончогледот се главни суровини кои годишно се увезуваат по 70 илјади тони по релативно високи цени.
Земјоделците купуваат поевтина храна со помала калорична вредност што се одразува на продуктивноста во фармите.
Производство на месо и млеко по глава добиток е помало од балканскиот и европскот просек.
Со најавената владина мерка за намалување на данокот на храната за животни, сточарите се надеваат дека во голем дел ќе го решат проблемот со неквалитетната исхраната на добитокот.
Методија Трајков
