Променливо и нестабилно време и во наредните денови
Во четврток и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР.

Променливо и нестабилно време со локален пороен дожд и грмежи ви најавуваат метеролозите за следните денови.
Во четврток и во петок ќе има изолирана појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи, соопшти УХМР. Во деновите од викендот ќе преовладува променливо облачно време, наместа нестабилно со пороен дожд, грмежи и локална појава на невреме.
Времето утре ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Попладне претежно во источните делови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи.
Во Скопје сончево и топло со мала до умерена облачност и со умерен ветер од северен правец.
