Избори 2024

Непречено е гласањето во Долнени и во Крушево

22.05.2024 13:20

Непречено протекува денешното прегласување на четирите избирачки места во Долнени и во Крушево. Претпладнето слаб одзив. Се смета дека е поради работите на жителите во полето...

Непречено и без проблеми се одвива прегласувањето на четирите избирачки места, по две во Долнени и во Крушево во петтата изборна единица.

Право на глас на избирачките места во селото Дебреште во Долнени остваруваат вкупно 1.290 избирачи, а во Крушево, на избирачките места во селата Бучин и Јакреново прегласуваат вкупно 767 жители со право на глас.

Помалиот одзив претпладнето се смета дека е поради работите во полето.

Вчера гласаа 9 болни и изнемоштени во Долнени и 24 во Крушево.

 

Елизабета Митреска