Примопредавање на новиот објект на театарот во Велес
Објектот е изграден на 4 илјади и 200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена со можност да прими до 110 посетители...

Во Велес денеска ќе биде отворена новата зграда на театарот „Јордан Хаџи Константинов- Џинот“, инвестиција на Владата на Република Македонија.
Објектот е изграден на 4 илјади и 200 квадратни метри и располага со голема сала со капацитет од 370 посетители и мала сцена со можност да прими до 110 посетители.
Основниот сценски простор од големата сцена е со три оркестарски и осум сценски платформи со што ќе биде овозможено во Велес да гостуваат сценски дела од која било светска продукција.
Во тек е и конкурс за избор на драмски текст кој до крајот на годината премиерно ќе биде изведен на сцената на новиот велешки театар.
Авторите може да пријавуваат свои драмски текстови напишани на македонски јазик, досега необјавени и неизведувани. Конкурсот ќе трае до 20 август, а резултатите ќе бидат објавени на 5 септември.
