Финансии

Граѓаните сè повеќе се задолжуваат кај банките

22.05.2024 14:06

Најновиот извештај на Народната банка покажува дека вкупните кредити на месечно ниво се зголемени за 1,2%. Граѓаните не можат да живеат без кредит, или минус на сметките оти, како што велат, живејачката станува сè поскапа.

Домаќинствата сè повеќе се задолжуваат кај банките за полесно да го поминат месецот. Граѓаните најмногу подигнуваат потрошувачки кредити, оти според банкарите, тие се најлесно достапни за нив. Во услови на очекуван пад на каматите, економистите сметаат дека сегашниот момент е вистинско време за штедење, но колку дозволува џебот.

Најновиот извештај на Народната банка покажува дека вкупните кредити на месечно ниво се зголемени за 1,2%. Граѓаните освен потрошувачките, ги бараат и станбените кредити. За потрошувачки кредити домаќинствата должат близу две милијарди евра, а за станбени кредити безмалку 1,5 милијарди евра.

Граѓаните не можат да живеат без кредит, или минус на сметките оти, како што велат, живејачката станува сè поскапа.

Граѓаните и компаниите во банките должат близу 7,4 милијарди евра по основ на кредити. Домаќинствата подигнале 3,8 милијарди евра, а фирмите се задолжиле за 3,5 милијарди евра.

Кризата сепак ги натера граѓаните подомаќински да се однесуваат, но и покрај тоа тие сепак не можат без да подигнат кредит.

Просечната каматна стапка на кредитите изнесува 5,5%.

Борис Грујоски