Македонски пошти

Протест во Пошта, вработените бараат исплата на априлската плата и итни реформи

22.05.2024 14:11

Вработените во Пошта на протест. Велат, плата сè уште немаат земено, а ниту знаат кога ќе ја добијат. Бараат целосна реорганизација и систематизација на работните места...

Не знаеме кога ќе земеме плата бидејќи немаме доволно финансиски средства, а ни менаџерскиот тим нема одговор на ова прашање, велат од Синдикалната организација на Македонски пошти. Додаваат дека компанијата е доведена пред уништување, а опстанокот под знак прашање. Затоа бараат итна средба со новата Влада, а најавија и штрајк кој ќе се одржи после 7-ми јуни.

Синдикалците од Македонски пошти бараат неодложни реформи и систематизација, како предуслов за стабилизација и функционирање на претпријатието.

Во оваа борба за опстанок ќе бидеме истрајни до крај, велат од Синдикалната организација на Македонски пошти.

 

Марија Котовска