Потенцијал за филантропија има, половина од компаниите донираат редовно
Во земјава се одржа Форум за филантропија на кој присуствуваа над 80 учесници од Србија, Албанија, Косово, Хрватска и Сингапур. Се повеќе компании во земјава се одлучуваат да бидат општествено одговорни – велат од Комората за северозападна Македонија...

Нашето општество има потенцијал за филантропија, истражувањата покажуваат дека половина од компаниите редовно донираат, а граѓаните сочувствуваат со другите и секогаш донираат со средства за лекување или пак за временски непогоди . Но, проблемот е што тоа не е постојано, туку само кога е итно. Од Здружението „Конект“, велат дека потребно е да се изгради култура и преку донациите долгорочно да се решаваат проблемите.
„Да вложиме во проекти, во иницијативи коишто бараат долгорочни решенија, а не само коишто моментално ќе закрпат некаде, затоа што тогаш ја чувствуваме вистинската моќ на филантропијата и таа биде двигател на тие промени и на благосостојба на граѓаните“, изјави Никица Кусеинова – извршен директор на Здружението „Конект“
Дека се повеќе компании во земјава се одлучуваат да бидат општествено одговорни – велат од Комората за северозападна Македонија.
„Треба повеќе да бидат истакнати во медиумите и во сите социолошки или економски активности со цел пораката којашто сакаме да ја пратиме да стигне до сите кои дополнително би можеле да влијаат и да придонесат врз социо-економскиот аспект“, изјави Дурим Зекири – директор на Комората за северозападна Македонија.
Во земјава се одржа Форум за филантропија на кој присуствуваа над 80 учесници од Србија, Албанија, Косово, Хрватска и Сингапур – беше истакнато дека филантрописките напори играат клучна улога во унапредувањето и градењето поправеден и одржлив свет за сите.
Андријана Ѓурческа
