Избори 2024

Гласањето во Ларце-општина Желино, се одвива мирно и без проблеми

22.05.2024 16:12

На избирачкото место 2101 во село Ларце, општина Желино шестата изборна единица се врши прегласување за парламентарните избори. Од избирачкиот одбор посочија дека гласањето се одвива мирно и без проблеми...

На избирачкото место 2101 во село Ларце, општина Желино во шестата изборна единица се врши прегласување за парламентарните избори, откако Државната изборна комисија го поништи гласањето и по одлуката на Управен суд да ја отфрли жалбата од еден од учесниците во изборниот процес. Како што посочија од избирачкиот одбор гласањето се одвива мирно и без проблеми, апаратите за биометриска идентификација функционираат солидно.

Одзивот на ова избирачкото место веќе беше над 30 насто, и во однос на гласањето на 8-ми мај има блага тенденција на зголемување на излезноста на гласачите. До 19 часот е изборниот молк, по што се очекува да се соопштат резултатите кои можат да влијаат врз распределбата на мандатите во шестата изборна единица.

 

Игор Панов