Пратеничката Роза Топузова – Каревска исклучена од раководните функции на ЛДП
26.06.2014 11:56
Централниот одбор на ЛДП синоќа едногласно одлучил да ја исклучи Роза Топузова – Каревска од Извршниот одбор на партијата и да ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.

Централниот одбор на ЛДП синоќа едногласно одлучил да ја исклучи Роза Топузова – Каревска од Извршниот одбор на партијата и да ја разреши од функцијата потпретседател на ЛДП.
Топузова – Каревска на предвремените парламентарни избори се најде на третото место во Изборната единица 4 на листата на опозициската коалиција. Таа по изборите одлучи да не го почитува ставот на ЛДП и да го врати пратеничкиот мандат. Лидерот на ЛДП потенцираше дека Топузова-Каревска во Собранието може да ги застапува своите ставови, но не и да ја претставува партијата.
